Естонија за прв пат има жена претседател

Керсти Калјулаид


Естонскиот Парламент го избра следниот претседател на земјата. 46 годишната Керсти Калјулаид е првата жена која ќе ја извршува функцијата. Таа доби 81 глас од 101 член на Парламентот. Калјулаид ќе го замени досегашниот претседател Томас Хендрик Илвес поддржувајќи ја неговата политика на зголемено присуство на НАТО во балтичкиот регион и одржувањето на санкциите врз Русија поради конфликтот во Украина. Претседателот има симболична улога во земјата.