Пратениците ќе расправаат за законот за СЈО и за заштитени сведоци

Измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци утре ќе се најдат на дневен ред на пленарна седница во Собранието. Координаторите на пратеничките групи денеска се договориле со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски пратениците да расправаат по овие два закони.

Пратеничката група на СДСМ во петокот достави барање до Собранието за свикување итна седница, на која на дневен ред ќе бидат законите и ги повикаа сите политички партии во Парламентот да дадат поддршка за нивно донесување.