Ердоган со критика за ЕУ за помошта за мигрантите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика до ЕУ бидејќи не го исполнила ветувањето дека на неговата земја ќе и обезбеди помош од 3 милијарди евра за мигрантите, согласно договорот меѓу Анкара и Брисел.

Договорот беше постигнат во март годинава со цел да се спречи бегалскиот бран во Европа. Европската комисија соопшти дека исплатата на средствата за Турција според договорот, се заснова на проекти, а не се исплаќа како готовина.