Ховит-Изборите се од круцијална важност за Македонија

Европратеникот Ричард Ховит

Европратеникот Ричард Ховит кој е во посета на Македонија пред да се збогува со функцијата известувач за земјата во Европскиот Парламент изјави денеска дека очекува изборите закажани за 11 декември да се одржат, а граѓаните да имаат соодветни услови за избор. Тој посочи дека изборите ќе бидат од круцијална важност за иднината на земјата.

Ховит побара и поддршка за работата на СЈО и оцени дека и покрај правото на пратениците да зборуваат и критикуваат не треба да ја омаловажуваат специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим. Тој рече дека е потребно да се формира и специјално одделение во Кривичниот суд кое ќе се занимава со со случаите на СЈО. Во однос на извештај за напредокот на Македонија, Ховит рече дека очекува тој да биде навремено објавен во ноември и со условена препорака.