Ким Кардашијан ограбена во Париз

Моделката Ким Кардашијан била ограбена од вооружени луѓе во нејзината соба во еден хотел во Париз. Таа во инцидентот што се случил во текот на изминатата ноќ не била повредена. Нејзиниот портпарол изјави дека во нејзината соба упаднале пет маскирани вооружени лица кои украле накит во вредност од неколку милиони долари.