На изборите во БиХ, водат националистичките партии

Прелиминарните резултати од локалните избори во Босна и Херцеговина покажуваат дека националистичките партии водат во трката за градоначалници и за градските совети. Гласачите избираа градоначалници и советници во општините во двете босански полуавтономни единки, Република Српска и Бошњачко хрватската федерација. Секоја од нив има своја влада, претседател и парламент. Податоците покажуваат дека нешто над половината од 3,2 милиони гласачи излегле на изборите и оти националистичките партии минале добро. Во Република Српска, првичните резултати покажаа дека води сепаратистичката партија на претседателот Милорад Додик.