Пакистанците одржаа голем митинг во близина на индиската граница

Илјадници Пакистанци вчера се собраа вчера во град на границата со Индија за да покажат патриотизам во време на растечки тензии меѓу Њу Делхи и Исламабад поради наводните прекршувања на договорот за прекин на огнот во хималајскиот регион Кашмир. Познатото дневно подигнување на знамето во градот Вага имаше посебно значење поради растечките тензии меѓу Индија и Пакистан во областа Кашмир.

Тринаесетгодишниот прекин на огнот беше прекршен деновиве а двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на довербата. Пакистанската војска во вчерашното соопштение наведе дека индиските сили повторно пукале преку контролната линија, а инидските власти тврдат дека тие пукале како одговор на пукањето од пакистанската војска.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан се појавија откако индиската влада ги обвини милитантите стационирани во Пакистан за напад на војнички капм во дел од Кашмир кој е под контрола на Њу Делхи во кој загинаа 18 војници. Индија и Пакистан досега влегоа во три војни откако добија независност од Британија пред седум децении, а две војни беа за регионот Кашмир.