Бројот на повредени во Шпанија се искачи на 90 лица

Шпанските власти соопштија дека бројот на повредени во екслозијата во кафуле се искачил на 90 лица. Пет лица се сериозно повредени во инцидентот што се случи доцна синоќа во градот Велез-Малага кој се наоѓа 40 километри источно од познатото туристичко место Малага.

Но според портпаролот на болницата ниту еден од повредените не е во животна опасност. Причината за екслозијата би можело да биде протекување на плин рече градоначалникот на Велез-Малага Антонио Морено Ферер.

Готвачот во ресторанот навремено ги предупредил гостите дека има пожар во кујната со што тие имале време да избегаат и да не се здобијат со сериозни повреди, јавува весникот Ел Паис. Отворена е и полициска истрага за случајот.