Барањата на СЈО да се разгледаат на итна седница во Собранието побара опозицијата

СДСМ побара итна седница за предлог закон за измена и дополнување на заштита на сведоци кој го бараше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во своето обраќање на собраниската комисиска расправа, како и и измена на законот на СЈО кој се однесува на продолжување на мандатот.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение се изјаснија дека нема да прифатат никакви барања кои се надвор од договорот на четирите партии во Пржино. Во продолжение обвинуваат дека СЈО е дел до СДСМ.

Претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски оцени дека барањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се неуставни и незаконски.

Неодамна коориднаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери во интервју за порталот НОВА ТВ изјави дека ДУИ нема да има никаков проблем да поддржи иницијатива не само на Катица Јанева туку на кој било, што би значело подобрување на ситуациите и расветлување на дилемите во случаите на СЈО.