Папата во тридневна посета на Кавказот

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, пристигна во Грузија, на почетокот на тридневна посета на Кавказот. Тој во Грузија а подоцна и во Азербејџан ќе се состане со политичките и верските лидери. Папата во Тбилиси беше пречекан од грузискиот претседател и од поглаварот на грузиската православна црква патријархот Илија. Папата при неговата посета упати повик за почитување на меѓународното право и суверените права на граѓаните. Посетата на Папата во Азербејџан ќе заврши со серија на средби со верски лидери меѓу кои и со шеикот на муслиманите во Кавказот.