СЈО ја исправи грешката со кодираното УСБ

Од Специјалното јавно обвинителство попладнево ја исправиле грешката и пред завршување на работното време повторно ги доставиле до Основниот суд Скопје 1 Скопје документите за случајот Трезор со кои се бара да се определат мерки за претпазливост против четири луѓе, осомничени во случајот. Од Судот претходно информираа дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик ( УСБ ) кој не можело да се отвори. Овојпат предлозите со доказите се доставени во фотокопија.

„Предлозите, заедно со доказите, повторно се распоредени кај судиите на претходна постапка за понатамошно постапување согласно одредбите од Законот за кривична постапка, а за сите нови дејствија поврзани со овие предлози јавноста ќе биде навремено информирана“, наведуваат во соопштението од Судот.