Судот не можел да го отвори кодирано УСБ на СЈО

Основен суд Скопје 1

Трите предлози на СЈО до судот за мерки за претпазливост за осомничените од случајот Трезор денеска судиите на претходна постапка ги вратиле во обвинителството, бидејќи биле доставени во електронска форма на пренослива меморија ( УСБ ) кое судиите не можеле да да го отворат, бидејќи меморискиот стик бил кодиран, соопштија денеска од Основниот суд.

На оваа забелешка, како што пишуваат од судот, од СЈО им одговориле дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив. Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд, заклучуваат од судот.

Ова барање на СЈО е всушност од последниот случај и прв за економски криминал кој го отворија.