ОПЕК го намалува производството на нафтата

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК постигнаа прелиминарен договор за намалување на производството на нафта, за прв пат во изминативе осум години. Договорено е прецизните квоти за секоја земја да бидат утврдени на состанокот во Виена што ќе се одржи на 30 ноември. Тоа беше сигнал за зголемување на цените на нафтата. ОПЕК во која членуваат 14 земји контролира 40 насто од продукцијата на нафта во светот. Меѓутоа големите произведувачи како Русија е надвор од оваа организација.