Во Грција усвоени нови мерки за штедење

Парламентот на Грција усвои нови мерки за штедење кои ги бараа странските доверители и кои посебно се оденсуваат на приватизација на јавните претпријатија за дистрибуција на вода и електрична енергија. Мерките ги поддржаа само пратениците на колаицијата на владејачката партија на премиерот Алексис Ципрас и на партијата Независни Грци. Со ова е отворен патот за деблокирање на 2 милијарди и 800 милиони евра заем за Грција кој касни од јуни поради преговорите на грчките власти со доверителите.