Шефот на „Спејс Икс“ со план за колонизација на Марс

Шефот на „Спејс Икс“ Илон Маск обелодени абициозен план за создавање град на Марс со испраќање на илјадници луѓе на таа планета за помалку од 100 илјади долари по човек. Тој на Меѓународниот астронаутички Конгрес во Мексико откри детали за неговата визија за џиновска ракета со која би биле пренесувани луѓето. „Ние мора од сегашните истражувачки мисии да се префрлиме кон градење населено место на Марс во наредните 40 до 100 години“, рече Маск.