СЈО отвори нова истрага „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство за денеска претпладне најави прес конференција на која ќе биде презентирана новата истрага која носи работен назив „Трезор“. Детали за истрагата не се соопштуваат. На последната прес конференција одржана на 15 септември обвинителството објави две обвиненија. Едното се однесува на незаконско уништување на документација од системите на прислушување, а второто за нарачаното насилство врз градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.