Руски бомбардери во блиска средба со патнички авион

Руски борбени авиони деновиве летале под еден исландски патнички авион без притоа да биде детектиран од радарите. Тоа, според исландските власти, претставува уште еден доказ за опасното однесување на Москва. Исландските власти прецизираат дека три авиони од типот Туполев летале 1800 метри под патнички авион кој бил на лет од Рејкјавик до Стокхолм. Нивните транспондери биле исклучени и не можеле да бидат регистрирани од цивилните радари. Капетанот на патничкиот авион ги забелажал од кабината. Официјална Москва соопшти дека бомбардерите ги почитувале сите меѓународни стандарди за летање.