ХРВ: полициски злоупотреби во Пакистан

Хјуман рајтс воч ја обвини пакистанската полиција за извршување вонсудски убиства, тортура и произволни апсења и ја повика владата да спроведе реформи во своите сили. Овие наоди се вклучени во новиот извештај објавен денеска, кој се базира врз разговори со 30 полицајци и 50 жртви или сведоци на злоупотреба низ целата земја.

Во извештајот се наведува дека маргинализираните групи, вклучувајќи бегалци, сиромашни и верски малцинства, биле особено изложени на ризик од полициска злоупотреба.