Собранието ја почна, па ја прекина 120-та седница

Собранието на Република Македонија денеска ја почна 120-та седница, на која беше усвоен само дневниот ред, по што беше прекината.

На оваа седница се Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 март до 15 септември годинава и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски по усвојувањето на дневниот ред ја прекина 120-та седница, бидејќи е потребно до пратениците да се достават извештаите од работењето на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се расправа по овие две точки.