СДСМ: Мора и ќе има фер, слободни и демократски избори

СДСМ смета дека Македонија треба да има фер, слободни и демократски избори и оти нема да дозволат тие да не се одржат. „Единствените кои бегаат од фер, слободни и демократски избори, во текот на целата година, не само сега, се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нема да дозволиме да се одложат изборите коишто треба да бидат фер, слободни и демократски. Македонија мора да има фер, слободни и демократски избори“, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има избори ако Уставниот суд не го стави на дневен ред прашањето за уставноста на СЈО. Тој во врска со одредени пишувања дека синоќешното шарање со бои на зградата на Основниот суд е нарачано од лидерот на СДСМ Зоран Заев, бидејќи во таа институција ќе му се суди за случајот „Пуч“, истакна дека одговорноста за тој настан ја презеле „шарените“ и оти тие во соопштение ги навеле и мотивите за тоа.