Двајца убиени во бомбашки напад во Турција

Во денешниот напад на југоистокот на Турција, за кој турските власти ги сомничат курдските бунтовници, загинале двајца припадници на турските сили за безбедност, додека осуммина други биле ранети. Бомбата била активирана во момент кога автобус со турски сили за безбедност минувал на еден пат во близина на сириската граница. Над 40 илјади луѓе се убиени од 1984 година кога почна оружениот бунт на Курдската работничка партија за Курдска автономија на југоистокот на Турција.