Референдум во Азербејџан за поголема моќ на претседателот

Илхам Алиев

Во Азербејџан денеска се одржува референдум за измени на Уставот со што се зголемува моќта на претседателот Илхам Алиев и неговото семејство. Се очекува на референдумот околу 5 милиони луѓе со право на глас да се изјаснат за продоложување на претседателскиот мандат и за намалување на возрасната граница за идните претседателски кандидати. Илхам Алиев ја презеде функцијата претседател од неговиот татко Хајдар во 2003 година.