Шарената револуција на собир за поддршка на СЈО

Од „Шарената револуција“ за денеска во во 17 часот пред Собранието на Македонија најавија собир за поддршка на СЈО. Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Министерство за внатрешни работи, без оглед кој протестира, треба да го одржува јавниот ред и мир и нормално треба да се почитува правото на протест, а полицијата треба професионално да си ја врши работа. „Јас очекувам дека професионално и до крај посветено ќе си одговорат на задачата сите професионални во МВР кои ќе бидат на обезбедување на овој протест“, рече министерот Спасовски.