Без инциденти на референдумот во Република Српска

На референдумот во Република Српска не се забележани инциденти. До 13 часот гласале 30, 48 проценти од вкупниот број запишани граѓани со право на глас. Претседателот на Република Српска Милорад Додик запрашан за можната кривична пријава против него заради одржувањето на референдумот и покрај забраната, рече:

„Победата на референдумот е мојот одговор, а ако некој сака да апси некого, нека го уапсат целиот референдум и нека го стават во притвор.“