Бомбашки напад врз шиитско население во Ирак

Архивска фотографија.

Најмалку седум луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот главен град Багдад. Нападот се случил во западниот дел на градот, во областа Искан, додека локалните жители се подготвувале за шиитскиот фестивал Ашура, за големиот религиозен празник кој се празнува следниот месец. Во нападот се повредени околу 20 луѓе.
Засега никој не презеде одговорност за нападот , но нападите на милитантната група Исламска држава често се насочени кон шиитското мнозинство во Ирак.