Дванаесет загинати во напад во Тикрит

Илустрација

Дванаесет луѓе загинаа кога милитантите нападнаа полициски контролен пункт во северниот дел на Тикрит, а потоа дигнаа во воздух автомобил бомба на влезот во градот. Ирачката полиција и воени извори велат дека денешниот напад е прв таков во Тикрит, откако ирачките власти во април минатата година ги протераа милитантите од Исламската држава. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Полицијата соопшти дека еден од напаѓачите убил четворица полицајци на контролниот пункт, пред да биде застрелан. Останатите милитанти продолжиле уште седум километри до влезот на градот, каде го активирале експлозивот натоварен во пикапот што го возеле, при што загинале осум луѓе, а 23 биле повредени.