СЈО бара изземање на судија

Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе барање за изземање на судијката Лидија Петровска за првото обвинение, во кое кривично се гонат седумина вработени во УБК на чело со екс началникот Горан Грујовски.

Од СЈО соопштија дека причината за таквото барање е поради тоа што постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори. Од СЈО информираат и дека денеска повторно ги доставиле и доказите до Основен суд Скопје 1 Скопје, а кои вчера беа вратени од судот.