Во Москва загинале 8 пожарникари

Осуммина пожарникари загинале при гаснење на пожарот во источниот дел на Москва, соопштија руските власти. Нивните тела биле пронајдени откако бил загубен контактот со нив, откако се урнал покривот на на едно складиште за пластика каде што избувнал пожар. Огнот се ширел со голема брзина и во неговото гаснење учествувале стотина пожарникари.