Во Њујорк средба меѓу Лавров и Попоски

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Русија Никола Попоски и Сергеј Лавров имаа средба на маргините на 71 сесија на Генралното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Притоа, како што е соопштено, тие разговарале за „билатералните односи, заедничките планирани акции, како и за размена на мислења за најважните меѓународни проблеми“. „Имајќи ја предвид македонската неутралност спрема политиката на ЕУ за санкциите против Русија, двете страни го нагласија заедничкиот интерес за натамошен развој на руско македонската соработка во многу сфери“, цитира руската новинска агенција ТАСС претставник на руското министерство за надворешни работи.