Во Шарлот полициски час поради насилните протести

Во Шарлот, Северна Каролина е воведен полициски час поради протестите кои веќе трета ноќ продолжуваат откако полицаец застрелал афроамериканец. За време на протсетите дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои бараат правда во врска со инцидентот во кој беше убиен 43 годишниот Кејт Скот, кој, според полицијата, не ги послушал наредбите да го фрли оружјето. Семејството на Скот тврди дека тој немал оружје туку држел книга во рацете. Пред полицискиот час во Шарлот беше воведена вонредна состојба и беа распоредени сили на Националната гарда.