Отпуштени 800 вработени во турското Министерство за труд

Речиси 800 вработени во Министерството за труд на Турција се сменети од своите работни места по обидот за преврат извршен на 15 јули. Министерот за труд Мехмед Муезиноглу изјави дека поради претпоставени врски со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, од неговото Министерство биле отстранети 785 лица. Околу 100 илјади луѓе од Армијата, државниот сектор, полицијата и правосудниот систем беа отпуштени или разрешени од функциите по обидот за воен преврат, кога фракција од војската се обиде да ја симне од власт Владата. Турскиот министер за труд дополни дека над 300 вработени во Министерстворо се под истрага поради можни врски со Ѓулен, а речиси 400 вработени кои биле претходно отстранети од работа после обидот за преврат, се вратени на работните места.