Додик: На насилството ќе одговориме со отцепување

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека официјална Бања Лука на насилството од Сараево ќе одговори со отцепување од Босна и Херцеговина. Додик ја даде оваа изјава за „Спутник“ како коментар на претходната изјава на командантот на босанската војска, Сафер Халиловиќ, кој се закани со насилство врз Република Српска ако референдумот за Денот на РС биде спроведен. Тој додаде, дека Бања Лука нема намера во ниту еден момент да остане во земјата во која од другата страна пристигнува насилство.