Сириски воен авион се урна во близина на Дамаск

Сириски воен авион се урна во близина на главниот град, но се уште не е јасно дали е пукано кон него или паднал поради технички проблеми. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија денеска соопшти дека авионот се урнал северно од Дамаск.

Сириските медиуми јавуваат дека воениот авион се урнал по извршување на борбена задача против Исламска држава и дека пилотот бил спасен но не ја наведуваат причината за падот.

Агенцијата Амак која се поврзува со Исламска држава јави дека милитантите го урнале авионот по извршените четири напади врз нив. Групата на 18 месецов соопшти дека урнале друг сириски воен авион во источниот дел од земјата.