И август бил најтопол месец досега

Американските научници соопштија дека глобалните темпертури достигнаа нов рекорд во август, што е шеснаесетти месец по ред. Во минатиот месец беше за скоро еден Целзиусов степен потопло отколку што бил просекот во минатиот 20 век. Шест од 17 најтопли месеци регистрирани досега, биле оваа и минатото лето. Според научниците, ова е последица од испуштањето штетни гасови во атмосферата. Неколку членови на американската Академија на науките, вклучувајќи и 30 добитници на Нобеловата награда, во отворено писмо го предупредуваат Вашингтон да не се откаже од меѓународниот договор за спречување на глобалното затоплување. Републиканската партија во нејзината официјална програма го отфрли Договорот од Париз за ова прашање што беше постигнат лани.