Вашингтон ја обвини Русија за нападот врз конвојот во Сирија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Белата куќа експлицитно ја обвини Русија за воздушниот напад врз конвојот камиони со хуманитарна помош во Сирија. Ова е најотворено обвинување на администрацијата на претседателот Барак Обама против Русија за нападот што се случи на 19 овој месец во кој загинаа најмалку 20 цивили.