Ердоган бара акција против Ѓулен

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара во Обединетите нации, меѓународна акција против свештеникот Фетула Ѓулен која Турција го обвинува за обидот за државен удар на 15 јули годинава. „Од оваа говорница сакам да ги повикам сите наши пријатели да ги преземат сите неопходни мерки против терористичката организација на Фетула, заради иднината и благостојбата на нивното население“, рече Ердоган во обраќањето на Генералното собрание на ОН. 75 годишниот Ѓулен живее во егзил во САД од 1999 година. Според Ердоган, организацијата на Ѓулен претставува закана не само за националната безбедност на Турција, туку и за безбедноста на 170 земји каде што таа постои. Анкара бара од Вашингтон израчување на Ѓулен.