Обама најави ангажман на 50 земји за прием на бегалци

Американскиот претседател Барак Обама најави во Обединетите нации дека пеесетина земји се обврзале оти во идната година ќе прифатат 360 илјади бегалци, што е двојно повеќе од досега. Тој не наведе за кои земји станува збор, ниту пак по колку тие би примиле. На отворањето на самитот организиран од САД, Обама посебно ја поздрави улогата на Германија и Канада во мигрантската криза, предизвикана од војната во Сирија која трае веќе пет години.