Процес во Сплит - Капетан Драган не се чувствува виновен

Драган Васиљковиќ, познат како капетан Драган, денеска пред судот во Сплит изјави дека не се чувствува виновен по обвинението кое го товари за воени злострорства во 1991 и 1993.

Тој е обвинет за тортура врс хрватски војници и полицајци во Книн и Бруска и за напад врз полициската станица во Глина за време на војната во Хрватска.

Васиљковиќ беше уапсен во 2006 во Австралија, а во Хрватска беше екстрадиран во јули 2015.