Чавушоглу: неопходна копнена операција против ИД

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека без копнена операција не е можна победа врз милитантите на Исламската држава во Сирија. Тој во интервју за Си Ен Ен додаде дека Турција планира да го исчисти реонот на Манбиџ од ИД и да го претвори во зона на безбедност. Подоцна, истото би било направено во реонот на градот Ал Баб. „Имаме еден непријател и треба заедно да дејствуваме против него. По операцијата во Џараблус се појави увереност дека ИД може да биде победена лесно. Ќе напоменам дека против 65 држави од коалицијата дејствуваат 30 илјади борци на ИД“, изјави министерот Чавушоглу.