Додик: ќе има референдум за Денот на РС

Претседателот на Република Српска Мирослав Додик изјави за Радио Слободна Европа дека ќе се одржи референдумот за тоа кога да се прославува Денот на овој ентитет во БиХ, потег што претставува предизвик за централната влада. Референдумот е најавен за 25 септември и на него ќе се гласа дали 9 јануари да биде Ден на државноста на РС. „Ќе го одржиме референдумот. Тоа не е референдум за отцепување. Тоа е еден вид проверка да се види што мислат луѓето за 9 јануари како празник за да можат политичарите да го сменат законот во Парламентот“, изјави Додик. Уставниот суд на БиХ претходно оцени дека празник на 9 јануари ќе биде неуставен, додавајќи дека на таков начин се дискриминираат сите други кои не се Срби. Босанските срби прогласија „Република на Српскиот народ“ на 9 јануари 1992 година кога БиХ се уште беше дел од поранешна Југославија.