Пожар во кампот за бегалци на Лезбос

Околу 4 илјади бегалци биле принудени да го напуштат кампот на грчкиот остров Лезбос откако бил зафатен од голем пожар. Грчката полиција испитува дали пожарот бил подметнат. Во Грција во моментов има над 60 илјади бегалци и мигранти. Повеќето од нив бараат да го продолжат патувањето до други земји на Европската унија. Организациите за човекови права ги критикуваат условите во кои живеат бегалците во камповите кои се пренаселени.