ОБСЕ: Изборите во Русија со многу ограничувања на човековите права

ОБСЕ денеска оцени дека на парламентарните избори во Русија имало многу ограничувања на човековите права и немало јасна дистинкција на политичките алтернативи. Според ОБСЕ, имало одредени подобрувања во однос на транспарентноста, но оти генерално доминирале проблеми. Доколку Русија сака да се демократизира, тогаш е потребен поголем простор за дебата и за вклучување на граѓанското општество, изјави на прес конференција, преставник на ОБСЕ.