Петмина уапсени за бомбашкиот напад во Њујорк

Американските медиуми јавуваат дека пет лица биле уапсени за можна поврзаност со експлозијата на рачно изработена бомба во Менхетен, при што беа ранети 29 луѓе. Федерланите истражни органи откриле дека бомбата содржела тартин, експлозив кој често се користи за вежбање и може да се купи во продавници за спортска опрема. Властите велат дека нема докази оти зад нападот стои некоја меѓународна терористичка група.