Времето денеска: променливо облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе биде од 10 до 18, а дневната меѓу 21 до 28 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.