Најмалку 17 војници загинаа во Индија

Илустрација

Премиерот на Индија Наренда Моди изјави дека ќе ги казни одговорните за, како што го нарече, кукавичкиот и одвратен напад на воената база во Кашмир, при кој загинаа најмалку 17 војници.

Војската соопшти дека вооружени милитанти инфилтрирани преку пакистанската граница утринава навлегле во базата при што загинале најмалку 17 војници и 4-ца од напаѓачите. За сега ниту една група не ја преземала одговорноста.