Русите избираат нов пратенички состав

Отворени се првите избирачки места во Русија. Граѓаните денеска ќе гласаат за избор на 450 пратеници во руската Дума. Истовремено ќе бидат оддржани и изборите за регионални и локални власти во Русија. Очекувањата се дека по изборите и натаму ќе продолжи доминацијата на партиите кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин. Руската владејачка партија Обединета Русија и останатите три партии кои ретко се спротивставуваат на желбите на Кремљ, се очекува да ги задржат своите водечки позиции во 450 члениот Долен Дом. Гласање за руската Дума ќе се оддвива и во кримската област, за прв пат по преземањето на територијата од страна на Москва во 2014 година.

Анкетите покажуваат дека Обедината Русија ќе добие поддршка од околу 50 проценти што ќе и овозможи и натаму да има апсолутно мнозинство. Но истражувањата покажуваат дека постои и висок степен на незадоволство и апатија на гласачите, што може да влијае врз одѕивот на гласачите.