ЕУ со порака до БиХ- решете го прашањето за Денот на Република Српска

Сите страни во Босна и Херцеговина треба да се воздржат од постапки кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата, порача претставничката на ЕУ, за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, охрабрувајќи ги институциите во БиХ да го решат прашањето за Денот на Република Српска. Ова се наведува во нивното заедничко соопштение кое го објави Европската служба за надворешни работи, по повод вчерашната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина да не го разгледа повторно прашањето за Денот на Република Српска и да усвои привремена мерка со која привремено се спречува одржувањето на референдумот во Република Српска. Во соопштението се истаккува дека ЕУ ги охрабрува институциите во БиХ да го решат тоа прашање и да го почитуваат владеењето на правото .

Претходно Уставниот суд во БиХ го одби барањето за преиспитување на одлуката за неуставност на 9 јануари како Ден на Републиката,со што е конечно е потврдено дека се смета за неуставен.