Обама ќе се сретне со Абади

Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со неговиот ирачки колега Хаидер ал Абади на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации на 19- ти септември, соопшти Белата Куќа. Средбата доаѓа во време на зголемени обидида се преземе контролата од Исламската државатаврз Мосул.

Заменик советник за национална безбедност во Белата Куќа, Бен Роудс изјави дека и претседателите на двете држави ќе разговараат за борбата против припадниците на Исламската држава и обидите да се ослободи Мосул.

САД на почетокот на овој месец испрати околку 400 војници во Ирак, како знак за поддршка во битката против терористите.