Турската полиција приведени 25 осомничени за поврзаност со ИД

Илустрација

Турската полиција во Истанбул и Анкара приведе 25 лица по сомнеж дека се поврзани со џихадистичката група Исламска држава (ИД). Како што објавија турските медиуми, меѓу уапсените е и еден сириски државјанин за кој се верува дека е организатор на терористичките напади во Турција.

Според полицијата, Сириецот, кој е идентификуван како Али ал Агал, најверојатно ги координирал и организирал нападите што припадници на ИД ги извршија последнава година во Турција. Ал Агал, кој бил познат под псевдонимот Ажов, е упасен во Анкара.

Претходно во друга полициска акција спроведена во Истанбул, се приведени 24 лица под сомнеж дека се поврзани со ИД.