Трамп бара разоружување на обезбедувањето на Клинтон

Американскиот републикански кандидат за претседател Доналд Трамп ја повика својата соперничка, демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон да го разоружа своето обезбедување за да види јавноста „што ќе и се случело“. Во својот говор Трамп сугерираше дека Клинтон сака да го укине вториот амандман и да им го одземе правото на граѓаните да поседуваат легално оружје во своите домови. Тој изјави дека очекува нејзиното обезбедување да го спушти сето оружје, затоа што Клинтон не сакала оружје.

Портпаролот на Клинтон Роби Мук изјави дека Трамп ги поттикнува луѓето на насилство. Без разлика дали тоа ги прави и како провокација, или како шега на партиски митинг, тое е неприфатлива карактеристика за човек кој што сака да се вработи како Врховен командант на САД.